Видео: Како Штербик ги откажа „галските петли“

Шпанската репрезентација влезе во големото финале од ЕП 2018 по фантастичниот триумф над Франција, а меѓу најзаслужните за скалпот на светскиот првак е Арпад Штербик.

Голманот на Вардар пристигна во Загреб помалку од 24 часа пред почетокот на полуфиналето, затоа остана на клупата за резерви, но влезе во игра за време на пеналите на противникот и беше фантастичен. Штербик одбрани три пенали на „триколорите“, два од нив во моментите кога Шпанците ја создаваа клучната предност, уште еднаш покажувајќи ја својата величина на најголемите натпревари, како што тоа го прави и на клупски план на голот на Вардар.

Се вчитува...