ВИДЕО: Како Вардар ги реши младите „лавчиња“ во Ѓорче Петров

Сосема очекувано без поголеми проблеми „вардарци“ стигнаа до планирани три бода од дуелот против Македонија ЃП во 23. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Уште во првото полувреме јасно беше кој ќе ја однесе победата по погодоците на дефанзивците Попов и Хамбарџумјан. Во вториот дел за „црвено-црните“ погодија уште и Барсагјан, Дејан Блажевски и Стефан Спировски кој успешно се врати по паузата поради повреда…

Се вчитува...