ВИДЕО: Каква драма… „Лавовите“ ги скротија „змајчеките“ – Вујо во прегратка со Раул!

Македонија на најдобар можен начин го почна настапот на Европското првенство во Хрватска, победувајќи ја Словенија со 25-24.

Последните секунди од средбата во загрепска „Арена“ засекогаш ќе ги памети македонската „Фаланга“ која во еуфорична радост ги поздрави македонските „лавови“. На крајот, Веселин Вујовиќ реагираше по записничката маса за одредени судиски одлуки, но максимално коректно во прегратка на крајот му честиташе на македонскиот селектор Раул Гонзалес…

Се вчитува...