ВИДЕО: Каква драма – Мајсторијата на Сержо јуниор во 94. минута!

Работнички стигна до бод од гостувањето против Академија Пандев во Струмица благодарение на феноменалниот гол на Бразилецот Сержо јуниор и тоа во 94. минута од средбата!

Кога се чинеше дека домашните ќе си ги освојат трите бода, по акцијата на Кире Маркоски, Сержо Јуниор со вистинска мајсторија донесе израмнување за конечни 1-1.

Претходно, Академија Пандев поведе со голот на Зоран Балдовалиев по проигрувањето од Ѓорѓи Марков во 51. минута…

Се вчитува...