ВИДЕО: Казахстанците, сепак, пресилни за избраниците на Божовиќ

Футсал репрезентативците на Македонија со пораз од 3-0 од домаќинот Казахстан го почнаа квалификацискиот турнир за пласман на ЕП.

Казахстанците, сепак, беа премоќни за избраниците на Иван Божовиќ доаѓајќи до водство од 2-0 уште во првото полувреме, со голот на Лео во 13. минута и Жаманкулов во 19. минута.

Во второто полувреме, конечните 3-0 ги постави Акбаликов во 33. минута.

Утре Македонија од 11:30 часот игра со Чешка, која во денешното прво коло славеше против Данска со 5-4.

Се вчитува...