ВИДЕО: Лесен гол на Лукиќ, ефектен на Живковиќ – Србија пред триумф со Македонија!

Младата репрезентација на Србија сосема заслужено води со 0-2 по речиси еден час игра на квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП 2019 кој се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Српската селекција ја искористи лошата игра на наша одбрана, па уште во 22. минута преку лесен погодок на Лукиќ стигна до водство од 0-1. На 0-2 зголеми фудбалерот на португалска Бенфика, Андрија Живковиќ со ефектен погодок во 37. минута од средбата…

Се вчитува...