ВИДЕО - Маестро Симон Трпчески се поклони пред Сер Боби: Овации за Милевски! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
19/08/2017 10:30
Фудбал
18/08/2017 19:45
Фудбал
18/08/2017 11:31
Фудбал
18/08/2017 9:19

ВИДЕО – Маестро Симон Трпчески се поклони пред Сер Боби: Овации за Милевски!

ВИДЕО – Маестро Симон Трпчески се поклони пред Сер Боби: Овации за Милевски!

Македонскиот фудбал дефинитивно не памети кога една наша личност со огромни овации е дочекана на бината при доделувањето на признанието за најдобрите во изминатата година. Но, сето тоа и затоа што немаше со што многу да се пофалиме во минатото…

Затоа оваа година селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски со овации од присутните во Македонскиот народен театар го доби признанието најдобар во 2016 година за историскиот резултат кој му го подари на македонскиот фудбал. Милевски признанието го доби од најголемиот македонски уметник, пак, во нашата историја, маестро Симон Трпчески кој, овој пат се поклона пред „сер Боби“…

IMG_6273

„Зе мене е огромна чест да го предадам признанието на личноста која ни го донесе тој огромен фудбалски успех, Благоја Милевски“ – рече Симон Трпчески, поклоновувајќи се пред Милевски.

„Не, ако некој треба да се поклони пред некого тоа сигурно сум јас. Не можам да ги сокријам емоциите кога ќе добиете едно вакво признание од величина како што е маестро Симон“ – рече македонскиот селектор.

А, во вечерта на прогласувањето на најдобрите според ФФМ, специјална награда секако добија и младите репрезентативци заедно со комплетниот стручен штаб кои ни го донесоа пласманот на ЕП 2017 во Полска.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.