ВИДЕО: Најдоброто од Лина на мечот со Швајцарката Вогел…

Лина Ѓорческа не успеа да обезбеди место на главниот турнир на Австралија опен, откако во последното квалификациско коло загуби во три сета од првата носителка во квалификациите, Швајцарката Стефани Вогел.

Но, најдобрата македонска тенисерка воопшто не разочара, уште еднаш потврдувајќи дека во блиска иднина од неа може да очекуваме и учество на главен ждреб на Грандслем турнир. Денеска Лина одлично го одигра првиот сет против Вогел, со моменти кои заслужуваат да се погледнат како заокружување на нејзиниот настап изминативе денови во Мелбурн…

Се вчитува...