ВИДЕО: Пелагонија е „зелена“ – благодарение на Лукас!

Пелистер дојде до победа од 1-2 на гостувањето против Победа во Прилеп во пелагониското дерби од 1. коло во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, благодарение на погодокот на Бразилецот Лукас во 70. минута од средбата.

Македонскиот репрезентативец Кристијан Тошевски убаво нафрли од десната страна, а Лукас во вториот обид ја затресе мрежата на домашните за водство и победа од 1-2.

Претходно, Пелистер поведе со 0-1 со голот на Иве Трифуновски кој убаво стрелаше од околу 20 метри, во 24. минута од средбата…

Повратникот кај прилепчани, поранешниот македонски репрезентативец Борче Маневски, пак, израмни во 61. минута од пенал откако Филип Најдовски беше соборен во шеснаесетникот на гостите, по што главниот судија Александар Ставрев покажа на белата точка…

Се вчитува...