ВИДЕО: Пеналот предизвика многу „бура“ – Инцидент и во ложата на „Младост“!

Досудениот пенал и погодокот на Малме во 16. минута, на стадионот „Младост“ во Струмица предизвика многу бура меѓу вардаровите навивачи.

Дополнително атмосферата беше загреана и веднаш потоа откако при контранапад на Балотели кој одеше осамен кон голот на Малме противничкиот дефанзивец доби само жолт картон… Судењето на мечот ги „раздразни“ вардаровите фудбалери на теренот, но и дел од навивачите во централната ложа на „Младост“ кои се втурнаа со протести кон судиската тројка и делегатот на мечот…

„УЕФА мафија“, е дел од скандирањето на вардаровите навивачи во првото полувреме, незадоволни од делењето на правдата.

Со оглед на тоа што и самиот стадион не овозможува којзнае каква безбедност, поголем инцидент во самата ложа спречија од редарските служби кои присебно интервенираа во обидот за пожестоки протести…

Се вчитува...