ВИДЕО: ПРЕКИН ВО ТЕТОВО - Хасани и Грнчаров во физичка пресметка предизвикаа инцидент! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

ВИДЕО: ПРЕКИН ВО ТЕТОВО – Хасани и Грнчаров во физичка пресметка предизвикаа инцидент!

ВИДЕО: ПРЕКИН ВО ТЕТОВО – Хасани и Грнчаров во физичка пресметка предизвикаа инцидент!

Реванш полуфиналниот натпревар од Купот на Македонија во Тетово меѓу Шкендија и Вардар е прекинат во 32. минута поради инцидент меѓу фудбалерите на двата тима, кој иницираше и влез на домашни навивачи на теренот на Градскиот стадион во Тетово.

По сосема мирни 30 минути, при една крајно банална ситуација при судир меѓу Цуцули и Глигоров дојде до комплетна тензија меѓу играчите на двата тима. Во таа ситуација дојде, сосема неочекувано, и до физичка пресметка меѓу капитените на двата тима Ферхан Хасани и Бобан Грнчаров…

skendija - vardar

По расчистувањето на ситуацијата, главниот судија Александар Ставрев сосема оправдано покажа директни црвени картони за Хасани и Грнчаров, а жолти картони за Цуцули и Глигоров. Но, токму овој инцидент меѓу фудбалерите предизвика од трибината каде се сместени навивачите на Шкендија, „Балистите“ да се спуштат на терен неколку лица… Веднаш потоа, главниот судија Ставрев покажа фудбалерите, пред се на Вардар, да се упатат кон соблекувалните…

Натпреварот се уште е во прекин, во очекување на одлуката на судијата Александар Ставрев дали мечот ќе продолжи…

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.