ВИДЕО: Првиот гол на Македонија на СП, проектилот на Лазаров…

Македонската репрезентација по првото полувреме на првиот натпревар од Светското првенство во Франција има негатива од 13-14 на дуелот против селекцијата на Тунис.

Комплетното прво полувреме Македонија го одигра под новата тактичка замисла во нападот на Лино Червар со седум ракометари во офанзива а без голман. Така го постигнавме и првиот погодок на шампионатот со кој поведовме на дуелот со 1-0…

Од првиот дел останаа запаметени и неколкуте проектили на нашиот капитен Кирил Лазаров…

Се вчитува...