ВИДЕО: Прволигашко славје на „пандевци“, тензичен крај во Турново…!

Академија Пандев, апсолутно доминирајќи низ годинашнава сезона од Втората македонска фудбалска лига, уште пет кола пред крајот на сезоната го обезбедија прволигашкиот статус за новата сезона.

Со триумфот во Кавадарци од 1-3 против Тиквеш, „пандевци“ веќе имаат недостижна бодовна предност во однос на третопласираниот Новаци…

Па, затоа сосема две различни ситуации денеска во Кавадарци и во Тетово. Додека фудбалерите на Академија Пандев во тиквешијата го славеа пласманот во Првата лига, во Турново мечот меѓу Хоризонт и Новаци, кој заврши без победник 2-2, на крајот финишираше тензично откако домашни силно негодуваа кај главниот судија незадоволни од делењето на правдата…

Се вчитува...