ВИДЕО: „Рафалната серија“ и неверојатниот нокаут на Џошуа…

Ентони Џошуа е новиот владетел во тешка категорија во светскиот бокс. Британскиот боксер во Лондон со нокаут во 11. рунда го победи легендарниот Владимир Кличко и го одбрани насловот од ИБФ шампионатот, но ги освои и титулите во ВБА и ИБО за шампион на светот.

Неверојатна борба демонстрираше Џошуа преку фантастичната 11-та рунда кога во неколку наврати жестоко го погоди Кличко испраќајќи го на под. По вториот негов пад на под, и следната „рафална серија“, судијата ја прекина борбата..

Joshua v Kličko knock-out i kraj by goloviliga

Претходно, во шесттата рунда имаше нокдаун и за Џошуа. Кличко добро го погоди со десно кроше, и Британецот за првпат во кариерата заврши на подот. Украинецот доминираше во тие рунди, но се до 11. рунда кога потклекна…

C-nD-3NVYAA52Kw by goloviliga

Ова за Џошуа е 19-та победа во кариерата, и сите 19 ги оствари со нокаут, додека за Кличко ова беше петти пораз во 69-та борба.

Се вчитува...