ВИДЕО: Рамноправен прв дел со Норвешка – Одлична одбрана, тенок напад…

Македонија игра рамноправно прво полувреме со Норвешка во осминафиналето на Светското првенство во Франција.

На полувремето Норвежаните имаат предност од 12-10, но само поради нашата нереализација во нападот. Во мечот со многу пресврти одличен на нашиот гол е Колев, кој има шест одбрани…

Но, имаме и многу грешки во завршницата од нападите, а во неколку наврати нашите атракции завршуваа во гредата од противничкиот гол…

Македонија во 23. минута со голот на Кирил Лазаров имаше и водство…

Но, до крајот Норвежаните стигнаа до 12-10…

Се вчитува...