Видео: Борко со наградата заврши во прегратка – Една е мајка!

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Борко Ристовски беше одличен на голот на Македонија и заслужено се закити со МВП признанието, а нашиот чувар на мрежата по завршувањето на средбата со Германија победата ја прослави со својата мајка.

Откако прими честитки од Филип Лазаров, Ристовски се упати кон трибината каде се наоѓаше неговата мајка, се погрижи таа да мине крај обезбедувањето и да се спушти на теренот, по што следеше родителска прегратка и разговор, пред Борко славјето да го продолжи со соиграчите во соблекувалната од загрепска „Арена“.

Победа е победа, ама една е мајка.

Полно ми е срцето. За мајка нема поголема среќа од ова. Како во транс бевме, не знам ни како успев да се се симнам да си го прегрнам“ – со насмевка ни вели мајката на Борко, Бети Ристовска.

Се вчитува...