ВИДЕО: Роденденско изненадување за Дарко Велковски…

Соиграчите од младата селекција на Македонија денеска приредија мало изненадување за Дарко Велковски кој го прослави својот 22-ти роденден.

Велковски нагласи дека е среќен што изминативе две години беше дел од најдобрата генерација млади фудбалери досега во нашата фудбалска историја, посакувајќи многу успеси во иднина на националниот тим.

„Чест ми беше да бидам од оваа генерација фудбалери. Искрено посакувам идните наши млади генерации да продолжат и да ги надополнат успесите кои ние ги постигнавме“ – истакна Велковски пред своите соиграчи денеска во Сопот.

Се вчитува...