ВИДЕО: Тензиите во Атина… Конфликтот на Антиќ со Синглтон

Фенербахче два пати во три дена успеа да слави на гостувањето во Атина против Панатинаикос во Евролигата. Слатки победи и за Перо Антиќ, кој најголемите успеси во својата кариера ги одбележа во дресот на Олимпијакос. Па, токму затоа и сосема очекувано не е омилен кај навивачите на Панатинаикос од кои доби свирежи и по конфликтот со Синглтон.

Перо Антиќ, јасно е дека не сака „зелено“, а конфликтот со Крис Синглтон само беше дополнителна мотивација за него…

Навивачите ми се лути, ние имаме минато и тоа е нормално. Сепак, јас сакам да играм вакви натпревари, свирежите само уште повеќе ме мотивираат“ – истакна Антиќ, по мечот не криејќи го разочарувањето од односот на раководството на Панатинаикос и навредите кон него од челниците на грчкиот клуб.

Видовме како бевме третирани од страна на претседателот на ПАО и неговите најблиски пријатели и соработници. Ќе дојдат во Истанбул и ќе видат како треба да се третираат гости“ – порача Антиќ.

Се вчитува...