ВИДЕО: Циркусот во Прилеп – Сомнителен пенал, Гешо сакаше да изведе а доби црвен картон!

Повеќе од возбудливо заврши првенствениот дуел меѓу Победа и Силекс во 29. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Прилепчани на игралиштето на Могила стигнаа до значајни три бода во битката за опстанок, благодарение на голот од пенал на Наумоски во 91. минута.

Но, вистинска драма се случуваше само мигови претходно. Најпрво, судиската тројка на чело со Димитар Мечкаровски досуди сомнителен пенал, и тоа на сугестија на помошникот Гоце Петрески по наводна игра со рака на Гуцев во гостинскиот шеснаесетник. Сето тоа наиде на жестоки реакции од гостинските фудбалери кои силно негодуваа пред се кај помошникот Петрески… Откако ситуацијата се смири, а искусниот Благоја Гешоски се подготвуваше да го изведе пеналот, се најде во судир со противнички фудбалер. И, пред да го изведе пеналот поставувајќи ја топката на белата точка популарниот Гешо, место пенал, доби втор жолт картон и исклучување. По неговиот црвен картон, топката ја презеде Наумоски и донесе голема радост за Победа….

Се вчитува...