ВИДЕО: Уште еден спорен момент – Недосуден пенал за Вардар!

Со уште еден спорен момент во последната минута, низ тензичното прво полувреме, мина реванш натпреварот меѓу Вардар и Малме на стадионот „Младост“ во Струмица.

Во 45. минута од средбата очигледно дефанзивецот на Малме играше со рака во својот шеснаесетник, но главниот судија Анатолиј Жабченко од Украина, одмавна со раката свирејќи крај на првиот дел.

Сето тоа наиде на нов револт меѓу вардаровите фудбалери и на трибините. Но, залудно!

Се вчитува...