Виктор Треневски прозиваше во Работнички… (ФОТО)

И фудбалерите на Работнички денеска ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од шампионатот. Тим-менаџерот Виктор Треневски го одржа првиот собир пред официјалниот почеток на тренинзите кој е планиран за утре.

На првиот собир во Градскиот парк беа присутни сите фудбалери од актуелниот состав на кои се планира за пролетната полусезона…

„Сакаме овие подготовки максимално да ги искористиме што поподготвени да ја дочекаме пролетната полусезона. Јасно е дека Работнички секогаш атакува на водечките позиции во првенството, а така ќе биде и сега иако е јасно дека не чека тешка битка. Располагаме главно со истиот играчки состав, а онолку колку што дозволува буџетот ќе има засилувања. Засега се уште нема ново име, а концентрација ќе се стави во потрага по напаѓач“ – истакна Виктор Треневски по првата прозивка.

rabotnicki sobir

Првата фаза од подготовките Работнички ќе ја реализира во Скопје, а на 26. јануари е планирано заминување за Анталија, Турција. Пред заминувањето за Турција планирано е одигрување и на три пријателски натпревари, првиот против Брегалница на 21. јануари, потоа на 23. јануари со Хоризонт Турново, а се уште се преговара за договор со уште еден противник.

Се вчитува...