Вилијамс ќе го пушти Ботас во Мерцедес, Маса се враќа во Ф1? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
23/06/2017 23:11
Фудбал
23/06/2017 22:38
Фудбал
23/06/2017 22:44
Ракомет
23/06/2017 21:27

Вилијамс ќе го пушти Ботас во Мерцедес, Маса се враќа во Ф1?

Вилијамс ќе го пушти Ботас во Мерцедес, Маса се враќа во Ф1?

Местото кое го испразни Фелипе Маса во Вилијамс откако одлучи да се пензионира, тимот екпресно го пополни со осумнаесетгодишниот Ленс Строл. Челниците на тимот си дозволија да имаат тинејџер во болидот со оглед на тоа дека вториот возач, Валтери Ботас, е далеку поискусен.

Покрај Фелипе Маса и Нико Розберг одлучи да стави крај на својата кариера по освојување на првата шампионска титула па и во Мерцедес остана едно празно место во гаражата. Тото Волф не ја криеше желбата Фернандо Алонсо да го види во сребрениот болид, но тоа нема да се случи бидејќи и Мекларен, сегашниот тим на Алонсо и самиот возач ги демантираа тие гласини.

Мерцедес во моментов се обидува да краде возачи од соседните гаражи. Прва опција беше Паскал Верлејн, кој возеше за Манор, но е и тест возач на Мерцедес додека втора опција е Валтери Ботас. Како дел од спогодбата помеѓу Мерцедес и Вилијамс за примопредавање на Финецот се споменува и намалување на цената на агрегатскиот погон со кој Мерцедес го снабдува Вилијамс.

Од Вилијамс не негираа за преговорите, но не сакаат да се откажат од Ботас толку лесно. Клер Вилијамс, заменикот тимски шеф, своевремено истакна дека тимот сака искусен тимски колега за Строл и би го пуштиле Ботас да вози за Мерцедес само доколку имаат таква опција. Во отсуство на возачи какви што сака Вилијамс, за одржување во борбата во конкуренција на тимови, се споменува можно враќање на Фелипе Маса.

Бразилецот ја заврши својата Ф1 кариера пред неполн месец, но истакна дека би сакал да биде дел од трките. Во натпреварувачката желба на Маса Вилијамс ја гледа својата шанса за убедување на Бразилецот. Преговорите се веќе во тек, а двата тима, Мерцедес и Вилијамс нема да обелоденуваат ништо до крајот на тековната календарска година.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.