Вилијамс прв го претстави новиот болид за 2017 – FW40 (ВИДЕО)

Тимот на Вилијамс прв пред своите конкуренти ги објави фотографиите од својот нов болид FW40 со кој во претстојната сезона ќе се обиде да остане во чекор со водечките тимови во Формула 1.

Благодарение на моторите на Мерцедес и на солидниот дизајн на болидот, Вилијамс во изминатите неколку сезони котираше високо во конкуренција на конструктори, а Ботас и Маса повремено завршуваа на победничкиот подиум.

Британската екипа сезонава прва го претстави новиот болид FW40 и има многу позитивни реакции за перформансите и за дизајнот, но однaпред сепак е тешко да се предвиди дали новиот болид на Вилијас ќе биде конкурентен со најдобрите. Уште повеќе, што се уште не се знае што ќе „извадат“ другите тимови за 2017, пред се водечките Мерцедес, Ред Бул и Ферари.

Новиот болид на Вилијамс делува импресивно, а новина покрај многу поголемите пневматици на „Пирели“, е и новиот дизајн на задните крилца.

За тимот на Вилијамс во 2017 ќе возат ветеранот Фелипе Маса и младиот канадски дебитант Ленс Строл.

[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/8e032ff63d88b5fa598ece21914fbea2.mp4″]

Се вчитува...