Вилијан: Барса ќе ја има топката, ние мораме да бидеме ефикасни

Челси мора да постигне најмалку еден гол на „Камп ноу“ ако сака да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите, но јасно е дека англискиот првак ќе игра со затворена формација против атомскиот состав на Барселона. Вилијан, кој беше стрелец на единствениот гол за Челси при ремито од 1-1 од првиот натпревар, е свесен дека пред „сините“ е пеколно тешка задача, да се земе скалпот на каталонскиот гигант кој игра одличен фудбал сезонава.

„Јасно ни е против кого играме, свесни сме дека ќе мораме да одиграме перфектен натпревар ако сакаме да победиме. Барса ќе ја има топката во свои нозе, тоа е повеќе од сигурно, но знам и дека ќе ни се остави простор за контранапади. Клучот е да бидеме ефикасни во реализацијата на шансите што ќе ги создадеме. Мотивирани сме, сакаме да ја финишираме сезонава како што треба, да стигнеме што подалеку во ЛШ, но и да го освоиме најмалку четвртото место во Премиер-лигата“ – изјави Вилијан на денешната прес-конференција.

Се вчитува...