Вилјареал го освои „Висенте Калдерон“

Вилјареал ја прекина серијата победи на Атлетико Мадрид, славејќи на „Висенте Калдерон“ со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Роберто Соријано во 82.минута од мечот. Со ова, „жолтата подморница“ направи чекор напред во трката за пласман во Лигата на Европа, а Атлетико Мадрид и дава шанса на Севилја да го стигне бодовно на третото место, ако в четврток ја совлада Селта на домашен терен.

Тимот на Диего Симеоне беше многу подобар ривал на овој меч, но стрелците немаа свој ден. Неколку одлични шанси не реализираа Гризман, Кореа, а во вториот дел и Фернандо Торес. Најубавата можност сепак ја имаше Нико Гаитан, кој излезе сам пред противничкиот голман, но Андрес Фернандез успеа да спаси сигурен гол.

Atletico Madrid vs Villareal 0-1 25 4 2017 HD by kivancyildirim791

Се вчитува...