Вилјареал и Еспањол ремизираа без голови

Вилјареал не успеа да стигна и до третата последователна победа во Ла Лига, откако на домашен терен вечерва ремизираше без голови против Еспањол. Сепак, ја продолжи серијата без пораз, откако претходно имаше лош старт на сезоната.

Еспањол по триумфот над Селта обезбеди бод од тешкото гостување против „жолтата подморница“ и сега со пет освоени бода се наоѓа на 16.позиција на табелата.

Се вчитува...