Винс Картер како во старите добри времиња, го растури Милвоки

Винс Картер и со своите 40 години не се предава и знае да блесне како во своите најдобри денови. Тој имаше фантастична вечер во дресот на Мемфис гризлис и беше перфектен во шутот од поле (8/8), запишувајќи се во историјата на НБА како највозрасен кошаркар на кого му успеал таков подвиг. Тој е и највозрасниот кошаркар што шутнал најмалку шест тројки и успеал сите да ги погоди. Ги надмина Џон Стоктон и Сем Перкинс.

Картер го заврши мечот со 24 поени, а Мемфис славеше со убедливи 113-93 против Милвоки бакс. Во составот на гостите Антетокунпо беше стрелец на 18 поени.

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжува со одлични игри за Денвер нагетс. Тој уфрли 18 поени во триумфот на својот тим против Лос Анџелес лејкерс (129-101). Минесота успеа да го сопре Вашингтон, кој важи за еден од најдобрите напади во лигата, и победи со 119-104. Се истакна Карл – Еноти Таунс со 39 поени, а одличен меч одигра и Рики Рубио со 22 поени, дури 19 асистенции, пет скока и три украдени топки.

Резултати НБА: Шарлот – Чикаго 109-115, Торонто – Далас 100-78, Мемфис – Милвоки 113-93, Минесота – Вашингтон 119-104, Сан Антонио – Атланта 107-99, Јута – ЛА клиперс 114-108, Минесота – ЛА лејкерс 129-101, Сакраменто – Орландо 120-115.

Се вчитува...