Висла го претстави Обрадовиќ: Ја најдовме замената за Житников

Немања Обрадовиќ и дефинитивно ќе го облече дресот на Висла Плоцк по завршувањето на оваа сезона, потврди денеска актуелниот вицешампион на Полска. Средниот бек на Металург е поврзуван дури и со добивање на македонскиот пасош, но очигледно е дека својата иднина ја гледа далеку од нашата земја.

Ми се допадна визијата на клубот што ми ја претстави тренерот, подготвен сум да му помогнам на тимот да ги оствари своите цели. Верувам дека овде ќе направам важен чекор во својата кариера“ – изјави Обрадовиќ за клупската веб-страница.

Со ангажманот на српскиот лев бек Висла ја пополнува дупката што ќе настане со заминувањето на Дмитри Житников, кој на крајот од оваа сезона ќе се пресели во Пик Сегед.

Баравме играч кој ќе ни биде лидер, како во нападот, така и во одбраната. Обрадовиќ е извонредно подготвен на физички план, играч каков што посакувавме“ – изјави тренерот Пржибечки.

Се вчитува...