Витали Кличко ќе го одмаздува Владимир против Џошуа

Постариот од браќата Кличко, Витали смета дека може да се реваншира за поразот на неговиот брат Владимир, од светскиот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа. Британецот во фантастична борба успеа да го совлада Владимир Кличко, но сега повозрасниот од украинските браќа боксери најави дека би можел да се врати во рингот за дуел со Џошуа.

„Не очекував дека Џошуа толку брзо ќе се опорави и да продолжи со борба, и притоа да го совлада Владимир. Да не му кажев на брат ми да го намали темпото, можеби борбата ќе беше завршена во шестата или седмата рунда со негов триумф. Бокс меч против Џошуа ми е голема желба. Лично верувам дека можам да дадам поголем отпор, но и да се реванширам за поразот на Владимир. Би било одлично кога би го вратил појасот за светски шампион назад во нашето семејство“, истакна Витали Кличко.

Последната борба на Витали беше во 2012 година, кариерата ја заврши со победа над Мануел Чар, а сега работи како градоначалник на главниот град на Украина, Киев.

Се вчитува...