Виз Ер Скопски маратон го отвора пријавувањето за 2018 - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
19/09/2017 18:29
Фудбал
19/09/2017 12:25
Фудбал
19/09/2017 11:51
Фудбал
19/09/2017 11:20

Виз Ер Скопски маратон го отвора пријавувањето за 2018

Виз Ер Скопски маратон го отвора пријавувањето за 2018

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ја започнаа организацијата на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија и пошироко.

Датумот на одржувањето на маратонот е 6. мај 2018 година, а од денеска и официјално започна пријавувањето на учесниците. Секој кој ќе се пријави во првите 4 дена, до  недела, 17.09.2017, ќе може да си го одбере својот омилен стартен број.

Пријавувањето и регистрацијата за Виз Ер Скопски Маратон 2017 ќе може да се изврши преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.skopskimaraton.com.mk како и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопски Маратон, www.smartrace.club.

poster skopski maraton 2018

Како и секогаш, брановите за регистрација и оваа година ќе бидат распределени во повеќе етапи, потоа цените ќе се зголемуваат при секоја нова етапа.

Од организацијата веќе започнаа со промоцијата на Виз Ер Скопскиот маратон со тоа што со веќе првата промоција ќе биде овој викенд на полумаратонот во Копенхаген. Имајќи ги во предвид бенефитите од секоја промоција од ваков тип Виз Ер Скопскиот маратон во следниот период ќе биде претставен и на маратоните во Љубљана и Истанбул.

Во организација на Сојуз на спортови на Скопје, покрај Женска трка и Виз Ер Скопски маратон, заедно со Атлетски клуб Работнички се подготвува најновото спортско изненадување со трката „Скопје трча 10км“ (Skopje Run 10K) која ќе се одржи на 8ми октомври 2017 година. Повеќе детали за оваа трка може да најдете на www.skopje.run.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.