Владимир Димитровски потпиша за Драма Докса

Поранешниот македонски репрезентативец Владимир Димитровски останува во Грција, но го менува клубот. По разделбата со Керкира, тој ја прифати понудата на Драма Докса и стави потпис за верност со овој клуб.

Минатата сезона Димитровски одигра 17 натпревари во дресот на Керкира. За репрезентацијата на Македонија досега има четири настапи.

Се вчитува...