Владимир Глигоров назначен за селектор на Либан

Македонскиот тренер Владимир Глигоров, е назанчен за нов селектор на женската ракометна репрезентација на Либан. Поранешниот селектор на македонската репрезентација од неодамна ја продолжи тренерската кариера во Либан со клупски ангажман во екипата Ал Садака, а сега и на клупата на либанската репрезентација.

Првата селекторска проверка на клупата на Либан, за Глигоров ќе биде на турнирот во Бахреин што ќе се одржи од 8 до 15 декември.

Од денеска и официјално како селектор ја преземам женската репрезентација на Либан. Веќе го подготвувам поширокиот список на репрезентативки, а во среда ќе имаме средба со претседателот на либанската ракометна федерација и прв состанок со ракометарките. Основната цел е да се доближи ракометот до женската популација во Либан и овој спорт да се издигне на повисоко ниво“ – истакнува Глигоров.

Се вчитува...