Владимир Кличко му кажува збогум на боксот?!

Фановите на боксот ширум светот нема да можат да уживаат во нова епска пресметка меѓу Ентони Џошуа и Владимир Кличко откако украинскиот ветеран решил да стави крај на својата кариера.

Во изминатите месеци напорно се работеше на договарање на датум и место за борба на која Џошуа ќе му даде на Кличко шанса за реванш за поразот во април. Дел од медиумите го најавија 11 ноември како веќе договорен датум, но сега оваа супер-борба пропадна откако Кличко самиот донел одлука да ја заврши боксерската кариера.

Информацијата први ја објавија неколку германски медиуми, а се очекува во текот на денот да биде потврдена и од самиот боксер.

Се вчитува...