Владо Илиевски, гостин на дербито во Гевгелија (фото)

Кандидатот за претседател на Македонската Кошаркарска Федерација, Владо Илиевски, е присутен во Гевгелија, каде во живо ќе го следи дерби дуелот меѓу Блокотехна и МЗТ Скопје. Илиевски пристигна во друштво на поранешниот репрезентативец Младен Ѓуровски и на уште неколку свои блиски соработници, за да го проследи мечот меѓу моментно второ и третопласираната екипа на прволигашката табела.

Илиевски останува фаворит за преземање на претседателското место во МКФ од Петар Наумоски, на Вонредното Собрание што ќе се одржи на 11 февруари.

Се вчитува...