Влатко Андоновски со нов ангажман во САД: Тренер на Сиетл!

Македонскиот стратег Влатко Андоновски е именуван за нов тренер на еден од најдобрите американски тимови во женски фудбал, ФЦ Сиетл.

По извонредните резултати со тимот на Канзас сити во најдобрата женска професионална фудбалска лига во САД, со кој стигна и до две шампионски титули, сега Андоновски презема нов ангажман во ФЦ Сиетл.

Андоновски во 2013 година беше прогласен и за тренер на годината во САД…

„Голема чест ми е што ја добивам оваа награда во конкуренција на големите тренери што се дел од лигата. Би сакал да ја искористам можноста да им се заблагодарам на моите фудбалерки, тие овозможија оваа награда да заврши во мои раце. Лесно е да се биде тренер кога се имаат одлични фудбалерки“ – истакна тогаш македонскиот тренер.

Andonovski

41-годишниот Андоновски, фудбалски потекнува од младинската школа на Вардар, а во Македонија во Првата лига настапуваше и за Вардар, Работнички, Македонија ЃП… По преселбата во САД настапуваше за тимот на Канзас во мал фудбал, за да потоа се одлучи од 2013 година да се впушти во тренерските води во женскиот фудбал.

Се вчитува...