Влегувањето на Елмас го разби Израел (ВИДЕО)

Македонија оствари голем триумф (0-1) на гости против Израел, а се чини дека потегот од клупата го повлече селекторот Игор Ангеловски кога во игра го внесе младиот Елиф Елмас. Одличниот играч за врска го раздвижи нашиот среден ред, имаше неколку одлични соло пробиви и додавања,а во 74.минута го направи и клучното, асистирајќи му на капитенот Горан Пандев, кој го постигна победничкиот гол.

За жал, Елмас доби жолт картон во Хаифа, па поради тоа нема да може да им помогне на соиграчите од националниот тим на следниот квалификациски дуел со Албанија, во вторник во Струмица.

Elif Elmas vs Israel from AliZane on Vimeo.

Се вчитува...