Влог во развојот во женскиот фудбал: ФФМ испрати 14 жени тренери на едукација од УЕФА - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Влог во развојот во женскиот фудбал: ФФМ испрати 14 жени тренери на едукација од УЕФА

Влог во развојот во женскиот фудбал: ФФМ испрати 14 жени тренери на едукација од УЕФА

Фудбалската Федерација на Македонија вложува во развојот на фудбалот во сите сегменти и нивоа од играта, и во таа насока е и вложувањето во развој на женскиот фудбал. Еден од факторите за напредок се и тренерите кои директно влијаат во подобрување на ситуацијата во женскиот фудбал.

За таа цел ФФМ заедно со УЕФА помогна во едукацијата на 14 жени тренери кои се определија да работат во женскиот фудбал и имаа желба да се стекнат со УЕФА Б Диплома. На покана од УЕФА дел од нив, тие кои се активни во клубовите, учествуваа на семинар за женски фудбал на Фарски Острови каде заедно со колегите/колешките од Унгарија, Гибралтар, Лихтенштајн, Грузија и Фарски Острови имаа можност да проследат квалитетна програма и да разменат мислења, идеи и добра пракса за работа во женски фудбал.

На овој семинар одговорниот за женски фудбал во ФФМ, Куштрим Љума имаше презентација за состојбата, можностите и предизвиците во женскиот фудбал во Македонија.

„Среќна сум што присуствував на еден ваков семинар, кој за мене има големо значење како тренер на млади фудбалери. Секако дека е мотив и инсипрација за уште подобра работа. Со овој семинар само ми се потврди дека после играчка кариера мора многу да вложиш во едукација и усовршување како и да ги следиш трендовите во фудбалската игра за тренерската кариера да биде успешна. Најголем впечаток ми остави позитивниот и мотивиран однос на тренерите кон девојчињата кои за цело време на тренинзите беа насемани и расположени за да ја спроведат прогарамата“ – вели Бојана Иванова по одржаниот семинар, за официјалната интернет страница на ФФМ.

„Присуството на овој семинар го искористив за остварување и проширување на контакти со колеги од други земји кои можат да се искористат во понатамошната работа во клубот. Иако патот до таму беше долг и можеби напорен, но по тоа што го видов таму, дефинитвно вредеше да се присуствува. Силен впечаток ми остави тоа што луѓето на Фарски Острови ги имаат срушено табуата околу женскиот фудбал но и начинот на кој се борат за девојчињата да бидат дел од оваа игра. Видов дека секој во својот домен си ја знае работата и мотивирано и успешно ја применува за конечен успех на женскиот фудбал. Дискриминација не постои а сплотеноста и одличната организација на сите инволвирани е пример и за нас како би требало да функционираме тука во Македонија“ – истакнува и Снежана Трпевска.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.