ВМФЛ: Новаци го брка второто место на Скопје

Четири натпревари се играат денеска од 15 часот во рамките на 19. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Најинтересните натпревари се играат во Новаци и на Автокоманда, со оглед на активната битка меѓу ФК Новаци и Скопје за втората позиција на табелата која носи во прволигашкото друштво.

Новаци, кој во моментов е со два бода негатива во однос на Скопје, на домашен терен го пречекува Вардар Неготино, додека скопјани ги очекува тешка пресметка со секогаш незгодниот Велазерими.

Интересно е и во борбата за опстанок, па Тетекс го очекува тешка задача против Хоризонт во Турново, додека Еуромилк со победа против Тиквеш ќе се обиде да се замеша во битката за второто место.

ВМФЛ – 19. КОЛО (15 часот)

Новаци – Вардар Неготино

Хоризонт Т. – Тетекс

Скопје – Велазерими

Еуромилк ГЛ – Тиквеш

УТРЕ (15 часот)

Академија Пандев – Металург

Се вчитува...