ВМФЛ: Новаци подобар од Тетекс, атакува на Прва лига - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
26/07/2017 18:35
Кошарка
26/07/2017 17:12
Фудбал
25/07/2017 22:15
Фудбал
25/07/2017 22:59

ВМФЛ: Новаци подобар од Тетекс, атакува на Прва лига

ВМФЛ: Новаци подобар од Тетекс, атакува на Прва лига

Новаци, без разлика и на суспензијата на својот терен, силно е носен од желбата за влез во прволигашкото друштво на македонската фудбалска сцена.

Во 21. коло од Втората македонска фудбалска лига, Новаци славеше со 1-0 против Тетекс благодарение на погодокот на Благојче Марковски во 62. минута од средбата.

Олеснување за патот кон Првата лига, Новаци доби и по поразот на Еуромилк ГЛ од Хоризонт Турново со 0-2. Стрелци на головите за турновци беше Марио Крстовски во 69. минута и во 80. минута од средбата.

Третиот денешен натпревар од ова коло меѓу Металург и Велазерими заврши без голови.

РЕЗУЛТАТИ – 21. КОЛО

Новаци – Тетекс 1-0

Металург – Велазерими 0-0

Еуромилк ГЛ – Хоризонт Т. 0-2

ВТОРНИК (18.април)

Академија Пандев – Вардар Неготино

Скопје – Тиквеш

ТАБЕЛА: Академија Пандев (-1) 47 бода, Новаци 35, Скопје (-1) 35, Еуромилк Гл 33, Хоризонт Т. 32, Велазерими 24, Металург 24, Вардар Неготино (-1) 19, Тиквеш (-1) 19, Тетекс 18 бода.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.