Внимание, Скопје – Маратонот во Њу Делхи се трча со маски

Загаденоста на воздухот е сериозен глобален проблем, па дел од натпреварувачите на маратонот во Њу Делхи се појавија на трката носејќи маски.

Трчањето е за на воздух, но воздухот е ПРЕМНОГУ загаден“ – имаше напишано еден од натпреварувачите на својот грб.

За наша среќа, скопскиот маратон се одржува во мај, кога загадувањето на воздухот е на ниско ниво, но мора да се преземат соодветни мерки за овој проблем да биде решен и во зимските месеци. Сигурно никој не сака вакви фотографии да се појават и за еден од најзначајните спортски настани што се одржуваат во нашата земја.

Се вчитува...