Внукот на Емерсон Фитипалди стана дел од возачката академија на Ферари - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/02/2017 13:42
Меѓ. Фудбал
24/02/2017 13:18
Меѓ. Фудбал
23/02/2017 20:54
Фудбал
23/02/2017 15:31

Внукот на Емерсон Фитипалди стана дел од возачката академија на Ферари

Внукот на Емерсон Фитипалди стана дел од возачката академија на Ферари

Академијата за млади возачи на Ферари е побогата за два члена. Покрај Чарлс Леклер, Антонио Фуоко, Џулијано Алези и Гуан Ју Жо ќе возат Енцо Фитипалди и Маркус Амстронг.

Енцо е внук на двократниот шампион во Формула 1, Емерсон Фитипалди кој стави крај на својата кариера како возач во Формула 1 пред повеќе од 30 години. Младите возачи во изминатите две години бележат успеси во картинг сериите поради што го привлекоа вниманието на Ферари. Италијанскиот тим н е чекаше долго пред да ги ’прибере’ младите таленти под своја закрила.

Минатиот месец на патеката во Фиорано каде вообичаено Ферари ги врши своите тестирања двајцата млади возачи ги прикажаа своите квалитети и во иднина ќе соработуваат со тимот за помалите категории во најпопуларниот автомото спорт.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.