Во чест на великанот: Стадион на Ајакс го промени името во „Јохан Кројф арена“

Стадион на Ајакс, кој досега беше познат како „Амстердам арена“, во иднина ќе го слави легендарниот Јохан Кројф и ќе го носи неговото име. Од вчера и официјално, со одлука и на градоначалникот на Амстердам, како и целосна поддршка од раководството на Ајакс, стадионот ќе се вика „Јохан Кројф арена“. Клубот реши тоа да го стори во чест на својот великан, кој почина на 24 март 2016 година.

„Со едногласна одлука, стадионот во Амстердам ќе го носи името на најголемиот фудбалер на сите времиња во овој град, клубот Ајакс и во цела Холандија, Јохан Кројф. Тоа е нешто што сите ние моравме да го направиме за легендата што ќе живее вечно“, истакнаа од Ајакс.

Се вчитува...