Во мадридската војна славеше… Барселона

Големото мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал Мадрид заврши без победник, 0-0, со што двата големи ривали уште повеќе го зголемија заостанувањето зад водечката Барселона. Имено, каталонците претходно славеа над Леганес, па по ова коло веќе имаат огромни десет бода предност во однос на „кралевите“ на Зидан и на „јорганџиите“ на Диего Симеоне.

И двата тима имаат за што да жалат, Атлетико имаше две извонредни шанси преку Кореа во првото и Гамеиро во второто полувреме (Варан ја вадеше топката пред самата гол-линија), додека „кралевите“ создадоа бројни полушанси, но Роналдо и Бензема уште еднаш покажаа дека се предалеку од посакуваната форма.

Мора да се истакне и сомнителната ситуација во првото полувреме кога по еден брутален старт Рамос беше удрен со копачка во лицето, капитенот на Реал на паузата мораше да биде и заменет, но главниот судија сепак реши да не досуди пенал за „кралевите“.

Се вчитува...