Во Минхен на терен летаа банкноти „Нејмар“

Во нов паричен перформанс навивачите на Баерн Минхен на домашниот натпревар против ПСЖ (3-1), по трет пат протестираа поради она што се случува во фудбалот. Тие на свој начин протестираат против расфрлањето со неверојатни милионски суми за играчите и претворањето навивачите во консументи кои поради тоа мора да плаќаат скапи влезници.

На гостувањето во Париз во септември, навивачите на Баерн извадија транспарент: „75 евра за влезница? Не сме Нејмар. Цените на влезниците мора да бидат разумни“.

baern navivaci-nejmar

Минатиот месец тие го изразија својот револт и на гостувањето кај Андерлехт. На трибините извадија транспарент „100 евра за влезница? Дали ваша алчност е задоволена?, а на терентот во Брисел фрлаа купчиња со лажни пари од 500 евра.

abern navivaci 100

Досетливите минхенски навивачи во последното коло одново го дигнаа својот глас. Доаѓањето на најскапиот фудбалер на денешницата во Минхен го „поздравија“ со нова акција. На терен полетаа илјадници банкноти од 500 евра со ликот на Нејмар, играчот платен 222 милиони евра.

Се вчитува...