Во Ница почнаа да се жалат на Балотели

Марио Балотели имаше извонреден старт на сезоната, но како што одминува времето така соиграчите се запознаваат со проблематичниот карактер на екс-фудбалерот на Ливерпул, Милан и Интер. Валентин Ејсерик открива дека Италијанецот воопшто не комуницира со останатите фудбалери, што влијае и врз неговиот статус во екипата.

На секој тренинг гледаме дека тој е извонреден фудбалер, но карактерот му е таков што знае да ја спушти главата и воопшто да не се интересира за ништо. Тој не сака да има ништо со нас, што е разочарувачки бидејќи се чувствуваме како едно големо семејство. Тренерот има став, оној што игра мора да даде се од себе на теренот, не дозволува попуст никому, па дури ни на Балотели“ – изјави Ејсерик.

Тренерот Лусијан Фавр исто така е незадоволен од „Супер Марио“, па Италијанецот воопшто не беше дел од тимот на последното гостување во Рен, на кое Ница ремизираше 2-2 и уште повеќе заостана зад лидерот Монако.

Што треба јас како тренеер да направам? Да го изберам тимот што најдобро ќе ги спроведе моите идеи. Сите знаат дека мојата тактика се базира на многу напор, знаеме и дека Балотели во последните години не трчал премногу во тимовите за кои играл, сега му треба малку време за адаптација“ – истакна Фавр.

Се вчитува...