Во Охрид оваа година фокусот на „Охрид трчат 2018“ и Балканското првенство во триатлон

Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ од Охрид, го одржа своето годишно Собрание на кое беа презентирани извештаите за активностите од минатата и целите и плановите за престојната 2018 година.

Оваа година Охрид го очекуваат бројни спортски настани. Покрај традиционалните пливачки маратони, едриличарските регати, планинарските тури како и атлетскиот маратон од Св. Наум до Охрид, главен акцент на Асоцијацијата ќе биде ставен на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ 2018“ кој ќе се одржи првиот викенд од месец јуни.

Исто така Охрид оваа година ќе биде домаќин на најдобрите триатлонци од Балканот. Токму затоа желбата е за успешна организација во септември.

Планирана е организација и на бројни детски кампови преку кои дополнително ќе се помогне за развој на спортската култура меѓу најмладите македонски генерации.

Се вчитува...