Во пресрет на големиот бокс-меч меѓу Џошуа и Кличко: Кој ќе победи, добива златен ремен со својот лик

Во пресрет на борбата за светската титула во тешка категорија меѓу Владимир Кличко и Ентони Џошуа, компанијата „Сартонк“ направи посебен дизајн на шампионски ремен, кој ќе му биде доделен на победникот. Во нивна чест, изгравирани се ликовите на двајцата боксери, опколени со злато и светкава круна над главата.

Менаџерите на боксерите се согласија за овој потег, давајќи посебно значење на победата. Тоа овој голем боксерски меч ќе го направи уште позначаен.

Големата боксерска пресметка е закажана за в сабота на стадионот „Вембли“, пред рекордни 90.000 гледачи.

Се вчитува...