Во Веспрем се решава „хрватската сага“? Червар на кафе со хрватските репрезентативци (ФОТО)

Гостувањето на Металург кај Веспрем во мечот од регионалната СЕХА лига (денеска, 18 ч.) може да биде клучно во разврската на сагата околу назначувањето на новиот селектор на Хрватска, најавуваат хрватските медиуми. „24 сата“ информира дека тренерот на Металург и се уште актуелен селектор на Македонија, и како што пишува порталот „најверојатно иден селектор на Хрватска“, Лино Червар,  во Веспрем имал „кафе муабет“ со хрватските репрезентативци – Мирко Алиловиќ, Марко Копљар и со Ренато Сулчиќ.

cervar kafe

cervar kafe 2

cervar kafe 3

Повукувајќи се на „сигурни информации од ракометните кругови“, порталот информира и дека во Веспрем е испратен и „човек од доверба“ од Хрватската ракометна федерација кој начелно треба да се договори со Червар околу селекторскиот ангажман, а исто така и со хрватските играчи кои според најавите, ќе се вратат во репрезентацијата за „операцијата“ ЕП 2018 во Хрватска.

фото : 24sata.hr

лино веспрем хрвати

Се вчитува...