Воините на Раул со „фалангата“ зад грб – Македонија е непобедлива (25-25)

Германија? Европски првак? Не ги плаши тоа воините на „ел команданте“ Раул Гонзалес. Срцето македонско е похрабро и од германската машинерија, кој се спасуваше од пораз во загрепска „Арена“ и може да биде среќна што успеа да извлече реми. Ах, Столе да ја погодеше во последниот напад, ќе беа Германците и на колена. Но, и вака е одлично, Македонија е првопласирана во групата Ц и ќе пренесе големи три бода во втората фаза од Европското првенство, на дуелите што ќе се играат во Вараждин.

Во првиот меч, на 21.јануари, ќе ги одмериме силите со првопласираната селекција од групата Д (во меѓусебен дуел вечерва решаваат Данска и Шпанија), два дена подоцна Македонија ќе игра против Чешка, а на 24.јануари и против второпласираната селекција од групата Д.

Се вчитува...