Војдан и Бетис го клекнаа „кралот“ на колена - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
22/01/2017 19:31
Коментари
22/01/2017 13:11
Ракомет
22/01/2017 11:39
Ракомет
21/01/2017 19:09

Војдан и Бетис го клекнаа „кралот“ на колена

Војдан и Бетис го клекнаа „кралот“ на колена

Македонскиот кошаркарски интернационалец Војдан Стојановски и неговиот тим Бетис направија сензација на вечерашниот дуел од шпанскиот шампионат, совладувајќи го Реал Мадрид со 86-85. Тимот од Севилја имаше фантастилен финиш на натпреварот, четвртата четвртина ја доби со десет поени разлика (26-16) и ја надомести негативата што ја имаше во најголемиот дел од мечот.

vojdan so real

На 15 секунди до крајот, Тригуеро со две реализирани слободни фрлања му донесе предност на Бетис од 86-85, а потоа домашните кошаркари успеаја да се одбранат и да остварат голем успех.

Војдан Стојановски на овој меч одигра 22 минути и имаше 10 поени и три скока.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.